Кипар не бара дополнителни кредити, туку инвестиции во банкарскиот и енергетскиот сектор на земјата, порача кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис од Моксва. Додаде дека каква помош и да добие Кипар од Русија таа ќе биде наменета за кипарските банки, притоа изразувајќи уверување дека нема пречки на преговорите со Русија и дека тоа едноставно е потребна работа.
Според Михалис Сарис Кипар бара можности да добие од Русија продолжување на рокот од пет години на постоечкиот руски кредит на земјата и намалување на неговата каматна стапка од 4,5 на 2,5 проценти.
Во меѓувреме Европската централна банка гарантира вонредна финансиска помош за кипарските банки само до 25 март. Потоа кипарските финансиски институции ќе добиваат средства само под услов дека се прифатени план на ЕУ и ММФ кои треба да обезбеди функционирање на банките.ЕЦБ поддржува функционирање на банките во Кипар со специјална програма за Итна помош за ликвидност.
– Кипарските власти треба најскоро да донесат одлука за програмата за финансиска помош, или ЕЦБ ќе запре со доставувањето средства за ликвидност, изјави претходно Јорг Асмунсен, член на Управниот одбор на институцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со години криела дека е Албанка, а сега предизвика огромен скандал во Грција
-
Иван влегол во банка да плати кредит, но ѝ го загорчил животот на службеничката
-
Прилепчанец направил хаос во банка: Му сметала климата, се расправал со вработените, буткал се пред себе
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија