| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кина пронајден самострел стар 2.200 години (фото)

26CEA90300000578-0-image-a-1_1426854127992Самострел стар 2.200 години, за кој експертите проценуваат дека во свое време бил речиси двојно посмртоносен од денешните автоматски пушки, е откриен на арехеолошко наоѓалиште на познатите теракотни воини што го чуваат гробот на првиот кинески император Чин Ши Хуанг.

Овој самострел, пронајден минатата недела, е совршено зачуван, а според анализите можел да исфрли стрела на далечина од речиси 800 метри. Научниците сметата дека во него се крие тајната за успехот на царот Хуанг.

26CE6D0F00000578-0-image-a-5_1426854515305
Самострелот бил закопан до половина во близина на една од статуите од теракота, а го пронашле археолози, кои работат на наоѓалиштето.

Ова е првпат научниците да видат комплетна верзија на ова оружје, откако претходно се пронајдени околу десетина оштетени самострели на истиот локалитет. Самострелот е долг нешто повеќе од 1,5 метри и висок околу 1,3 метри.

Неговата големина укажува на тоа дека бил едно од најмоќните оружја во свое време. Според историските текстови, кои ги цитира кинескиот весник „Хуашенг“, а пренесува „Дејли меил“, дометот на самострелот бил двојно поголем од дометот на автоматска пушка, што изнесува околу 400 метри.

Историчарите веруваат дека овој самострел бил дело од вооружувањето што извојувало победи на неколку историски битки од тоа време. Освен самострелот, археолозите пронашле и „Чинга“, упатство за одржување на самострелот за што претходно имале нецелосни податоци од некои стари документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top