Во Латвија од денеска до 31 март ќе се одржат меѓународни воени вежби „Оперејшн самар шилд – 12“ во кои ќе учествуваат над 1.100 војници.
Според латвиските медиуми вежбите ќе се одржат на полигон ов градот Адажи.
Во вежбите учествуваат единици на копнени, водзушни и морнарички сили на Латвија, Литванија, САД, Германија, Луксембург и Канада.
Вежбите „Оперејшн самар шилд – 12“ се одржуваат во Латвија од 2004 година, а од минатата година вклучени се во планот за обука на НАТО и отворени за учество на сите земји од Алијансата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.