Авон ја претстави својата нова линија за нега на кожа Nutra Effects – инспирирана од природата и најхранливите семиња. Брендот Nutra Effects е базиран на револуционерниот „Active Seed“комплекс кој е незаменлив извор на скапоцени хранливи состојки чија уникатна комбинација придонесува за 24-часовно хидрирање и потхранување на кожата. Се работи за комбинација на екстракти од семиња со есенцијални антиоксиданти и витамини, кои заедно придонесуваат за зголемување на виталноста и енергијата на кожата.
Од компнијата велат дека брендот Nutra Effects е создаден и развиен за да ги задоволи потребите на корисниците и да обезбеди ефикасна нега за кожа која е соодветна за секоја личност и секоја возрасна група.
„Откако ги дефинираме очекувањата на нашите корисници, научниците на авон поминаа низ долг и темелен просец на истражување со цел да ги откријат најскапоцените состојки – семињата. Со своето обемно знаење и искуство во областа на биологијата на кожата, како и со својата експертиза во формулација на производи, тие го развија ‘активниот семенски’ комплекс кој е инспириран од природната моќ на семињата“, изјави проф. д-р Алдона Тарновска, Постар хемичар за истражување и развој на AVON за EMEA регионот (Европа, Блискиот Исток и Азија).
„Active Seed комплексот е клучната технологија во целото портфолиото бидејќи семињата се најмоќната креација на природата. Тие се всушност изворот на самиот живот. Семињата содржат витални нутритивни вредности и токму затоа се клучот во нашиот новоразвиен бренд за нега на кожа“, додава проф. д-р Тарновска.
Д-р Анета Кокалеста Петрушевска пак, која е дерматовенеролог во Дерматолошко естетската ординација Д-р Анчевски, вели дека семињата во козметиката се исклучително популарни токму поради нивната регенеративна моќ. „Грижата за кожата е од есенцијална важност за изгледот и здравјето, бидејќи покрај нејзината заштитна улога која е примарна, учествува и во бројни други регулациски механизми кои се важни за нашето тело. Кога станува збор за светските трендови за нега на кожа, морам да се согласам дека природните состојки и семињата се несомнено најпопуларни, пред сè поради моќта за регенерирање и хидрирање на кожата“, изјави д-р Кокалеска Петрушевска.
Основни состојки употребени во линиите Nutra Effects се чиа семето, семето од калинка и семето од стрелиција, кои сите заедно изобилуваат со хранливи материи за кожата, витамини, минерали, антиоксиданти и масни киселини.
„Семето од чиа денес е популарно и во прехранбената индустрија како особено богат извор на Омега 3, протеини, витамини и антиоксиданти и помага за природно одржување на влажноста на кожата. Стрелицијата делува на осветлување на тенот и ни дава мазен изглед со тоа што го разложува прекумерениот пигмент, а калинката пак, умее целосно да ги обнови структурите на кожата. Покрај тоа што е корисно да ги консумираме овие семиња преку исхраната, уште поважно е истите да ги аплицираме и на нашата кожа, бидејќи на тој начин тие умеат директно да влијаат и го забавуваат стареењето на кожата.“, вели д-р Кокалеска Петрушевска.
„Новата линија NUTRA EFFECTS креми на авонкои се на природна база и без парабени, со употребата на овие моќни семиња во својот состав, ги потенцираат нивните ефекти, при што кожата изгледа помазна, сјајна и со еден збор делува здраво“, заклучува д-р Анета Кокалеска Петрушеска.
Битно е да се спомене и дека формулите во линиите се алергенски тестирани и не вклучуваат парабен и вештачки бои, со што овозможуваат Nutra Effects да биде соодветна и за најчувствителниот тип на кожа.
Портфолиото Nutra Effects вклучува:
– Хидрирачка линија со Active Seed комплекс и чиа семе
– Балансирачка линија со Active Seed комплекс со чиа семе збогатен со матирачки состојки
– Блескава линија со Active Seed комплекс и семе од стрелиција
– Зацврстувачка линија 35+ со Active Seed комплекс и емки од калинка
– Напредна линија против стареење 45+ со Active Seed комплекс со семе од калинка и керамиди
Чиа семето е познато уште и како „супер храна“ за 21-виот век и има корисно влијание за целиот организам.Тоа претставува најбогатиот познат ботанички извор на Омега 3 и 6 масни киселини, побогат од рибиното масло. Содржи и 30% повеќе антиоксиданти од боровинките и помага во борбата против слободните радикали. Маслото од чиа пак е богато со протеини, витамини А, B1, B2, B3, железо, магнезиум, калиум, фосфор, манган, бакар, молибден, ниацин и цинк. Тоа впива 12 пати поголемо количество вода од сопствената тежина и токму затоа неговиот екстракт во кремите го продолжува траењето на хидратацијата на кожата.
Калинката е витална состојка и е еден од најбогатите извори на антиоксиданти, минерали и витамин Ц. Калинката ја стимулира продукцијата на колаген во кожата на клеточно ниво, со што помага во забавување на процесот на стареење на кожата, ја зацврстува нејзината структура и ја враќа нејзината еластичност. Токму затоа екстракти од семките од калинка се употребени во линиите против стареење на Nutra Effects.
Семето од стрелиција, или во оригинал „Bird of Paradise“потекнува од Јужна Африка и е еден од најубавите егзотични цветови. Екстрактот од неговото семе совршено го изедначува тенот и ја обновува младешката блескавост. Функцијата на ова семе е да ја спречи продукцијата на меланинот (пигментацијата) во клетките на кожата и токму затоа го враќа природниот и здрав сјај на кожата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст