| четврток, 6 декември 2018 |

Бел шеќер VS нискокалорични засладувачи

sekerИма сè повеќе научни докази што зборуваат во прилог на тоа дека нискокалоричната храна и пијалаци придонесуваат во напорите телесната тежина да се држи под контрола.

Во една студија е утврдено дека со замена на белиот шеќер со засладувачи се остварува позитивно влијание врз индексот телесна маса. Освен тоа, анализата открива дека изборот на храна и на пијалаци што содржи аспартам наместо бел шеќер доведува до намалена консумација на калории и до намалување на телесната тежина (просечна загуба на телесната тежина кај возрасна личност што имала 75 кг изнесува 0,2 кг неделно). Освен тоа, нискокалоричните засладувачи можат да им помогнат во почитувањето на режимот на исхрана со тоа што обезбедуваат поголем избор и разновидност. Меѓутоа, важно е да се истакне дека тие не се решение за дебелина бидејќи не го намалуваат апетитот.
Важно е и нискокалорична храна и пијалаци да бидат дел од балансираната исхрана и здравиот начин на живот, кој подразбира и редовна физичка активност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top