| четврток, 6 декември 2018 |

Олимписки шампион пронајден мртов

milan-dobrev-500Олимпискиот шампион во кревање тегови од 2004-та година, Бугаринот Милен Добрев починал на 35-годишна возраст, соопшти бугарското министерство за внатрешни работи.
Добрев бил пронајден мртов во својот стан во Пловдив. Нема траги на насилство на неговото тело, а причината за смртта се уште не е позната.

Добрев освои олимписко злато во категоријата до 94 килограми на Игрите во Атина во 2004-та година, а исто така тој е светски шампион од Ванкувер во 2003-та година, како и двократен европски првак.

Кариерата ја завршил во 2008-ма година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top