Артилериски оган утрово се слуша во близина на Доњецк, додека претставниците на Киев и самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) соопштуваат дека во текот на изминатата ноќ на повеќе парти е регистрирано кршење на примирјето.
Прес центарот „Штаб за антитерористички операции“ во Киев соопшти дека во текот на ноќта украински војници ги продолжиле судирите со илегални оружени формации во Доњецк, Луганск и Маријупољ и дека до изутринава се регистрирани девет случаи на оган од автоматско оружје и ракетни фрлачи со калибар од 82 и 120 милиметри, како и дека еден судир траел подолог од половина час.
Министерството за одбрана на ДНР тврди дека украинските сили за безбедност 41 пат отвориле оган врз нивни позиции, при што се повредени четворица припадници на проруските сили во близина на селото Пески.
Заменикот командант на штабот на бунтовниците од ДНР Едуард Басурин синоќа ги обвини украинските сили дека зачестиле со кршење на прекинот на огнот по целата линија на фронт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.