| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски: Mестото на Македонија е во НАТО и ЕУ како рамноправен член кој се залага за економски просперитет, мир и безбедност

Mестото на Република Македонија е во НАТО и ЕУ како рамноправен член кој се залага за економски просперитет, мир и безбедност во Европа и светот, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски во обраќањето на 10. јубилеен Бриселски форум што го организира Германскиот маршал фонд.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на вечерата посветена на претставниците на земјите од Југоисточна Европа, министерот Јолевски говореше за плановите на Република Македонија за интеграција во НАТО и Европската унија, реформите во областа на образованието и приливот на странски инвестиции во државата.

Покрај Јолевски се обратија и Џорџ Воиновиќ, поранешен Сенатор на САД, Кори Удовички потпретседателка на Владата на Република Србија, Иван Вејвода, потпретседател за програми при ГМФ и домаќинот на вечерата.

За време на Форумот, министерот Јолевски оствари средби со државни и тинк тенк претставници како Даниел Фрид координатор за политика во Стејт департментот, Дејмон Вилсон, извршен потпретседател при Атлантскиот совет, Ален Лероа, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи и амбасадорот Алесандро Минуто-Ризо – поранешен заменик генерален секретар на НАТО.

На средбите беа потврдени аспирациите на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, беа истакнати реформите во областа на образованието и здравството, реформите и модернизацијата на АРМ, како и се поголемиот број странски инвестиции и резултатите во областа на економијата.

jolevskiРепублика Македонија беше поддржана од страна на соговорниците да продолжи да се движи по патот кон НАТО и ЕУ, поздравени беа и неопходните реформи кои Владата на Република Македонија ги усвојува за да ја подобри благосостојбата на македонските граѓани и да ја внесе Македонија во евро-атлантското семејство. Соговорниците изразија благодарност за придонесот на македонските војници во мисиите ИСАФ и Оддлучна поддршка во Авганистан со која Република Македонија докажува дека е партнер на НАТО и ЕУ, за промоција на слобода и безбедност во светот. Планот за евро-атлантската интеграција како крајна цел на Република Македонија и сите земји од регионот, беше поздравен од учесниците на Форумот.

На панел дискусиите на Форумот стана збор и за иднината на соработката меѓу ЕУ и САД. Говорниците истакнаа дека односите со САД треба и понатаму да се негуваат и унапредуваат особено во сегашниот геополитички период на промени и конфликти во Украина и Блискиот исток. Бројни говорниците исто така истакнаа и дека е време ЕУ да ги промени досегашните фискални и монетарни политики и дека е крајно време Грција да се однесува како достоен член на НАТО и ЕУ и да ги прифати предлозите за излез од економската криза и враќањето на долгот кон ЕУ.

Министерот Јолевски во разговорите со високите функционери на американската администрација задолжени за преговорите за Трансатлантската спогодба за слободна трговија и заштита на инвестициите, укажа на потребата во овој договор да има клаузула со која ќе се овозможи пристапување на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top