| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени црквите во Сопиште и Припор

crkva500Три цркви се ограбени за шест дена, во периодот од 15-ти до 21-ви месецов во Сопиште и Припор.
Од црквата „Свети Спас“ во село Добри Дол, ограбена во периодот од 15 до 21 март крадецот насилно делувал на влезната врата од црквата, влегол во трпезаријата од каде одзел околу 5.200 денари во разни апоени.

Мета на крадци во периодот од петокот 20 часот до 17 часот во саботата била и црквата во Горно Соње, „Св. Никола“ од каде се украдени околу 10.000 денари.

Во истиот период на местото викано Теферич во Припор ограбена е и црквата „Св. Преображение“, а украдени се околу 500 денари.

Полицијата информира дека во сите случаи е извршен увид и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top