| четврток, 6 декември 2018 |

Младите евроскептици: таква ли е иднината?

pescanik 1.preview

Кога ќе ја слушнете фразата „десен евроскептик“, првото кое ќе ви падне на ум е некој стар и нервозен ксенофоб. Благо кажано, вистината не е баш таква.

Да ја земеме Златна зора, крајнодесничарската грчка партиха. На изборите во јануари таа се претстави најдобро пред избирачите помеѓу 18 и 24 години, и доби 8,4 проценти од гласовите во таа група. Една петтина од унгарците кои се на возраст помеѓу 18 и 33 години, денес би гласале за крајнодесната партија Јобик. Алтернатива за Германија, друга популистичка партија, има најголема поддршка кај луѓето под 30 годишна возраст. Меѓу холанѓаните кои се помлади од 35 години и имаат намера да гласаат, 24 проценти би ја избрале евроскептичната Партија на слободата. Во Франција, младите ја претпочитаат Марин Лепен пред претседателот Франоса Оланд.

Зошто таквите партии ги привлекуваат младите кои вообичаено се наклонети кон новото и различното? Можеби затоа што тие најсилно беа удрени од рецесијата. Вкупната невработеност во еврозоната пораснала за шест милиони во периодот помеѓу 2008 и 2013 година. Половината од засегнатите од таа тенденција се на возраст под 25 години. Во јужна Европа, невработеноста кај младите е ужасно висока. А оние кои работат, добиваат ниски плати и често се со неполн работен ден.

Младите често се жалат од постоечките институции како Европската унија. Родените по 1980 година се до извесен степен понаклонети да ги поврзуваат ЕУ со кратењето на средствата и бирократијата во споредба со оние од претходните поколенија. Младите луѓе претпочитаат граѓански иницијативи, вели Хилари Пилкингтон од Мајплејс истражувачки проект за проблемите на младите кој е финансиран од ЕУ. Популистичките партии изгледа им го нудат токму ова. Златна зора има забележливо присуство на улицте, било да ги малтретираат емигрантите, било во раздавањеето храна за локалните жители.

Евроскептичните партии силно се залагаат да ги привлечат младите луѓе. Партиските младински организации организираат дебати, летни кампови и музички фестивали. Јобик создаде цела субкултура со модни брендови и патриотски рок бендови. Германската националдемократска партија во училишните дворови раздавала илајдници пропагандни летоци.

Крајно десните партии го засилуваат своето присуство и на интернет, каде врие од тинејџери. Вилдерс, лидерот на холандската Партија на слободата, има повеќе следбеници на твитер од премиерот Марк Рјуте. Алтернатива за Германија има повеќе „лајкови“ на фејсбук од владеечките христијандемократи. Ако е тоа иднината на Европа, тоа е многу вознемирувачко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top