Публицистот Ким Мехмети преживеал срцев удар. Во текот на оваа недела тој бил хоспитализиран во приватна болница во Приштина. Ударот го добил во средата по едно предавање на Унверзитетот во косовскиот главен град. Најпрво се двоумел да замине за Скопје или Тирана, но на крај одлучил да се лекува во Приштина. Мехмети вели дека се чувствува многу добро, дека не зажалил за таа своја одлука и оти е презадоволен од услугата и третирањето во приватната болница „Медицина“.
За состојбата на Ким Мехмети за медиумите зборувал и лекарот специјалист од болницата, Цем Багдатли. Тој рекол дека состојбата на Мехмети е стабилна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.