| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Нема пазарење со правдата и вистината, СДСМ се плашат од од тоа

sdsm-vmro1Очигледно раководството на СДСМ живее во свој затворен свет и не сака да погледне наоколу. Си се силат, си се јачаат и си се лажат помеѓу себе без да погледнат што граѓаните мислат. Поубаво им е да живеат во затворениот свет на нивните поддржувачи, добро платените редовни штрајкувачи и неколкуте невладини активисти. Така врхушката на СДСМ не слуша што граѓаните мислат за нивната деструкција, така врхушката не слуша што граѓаните мислат за нивниот обид за дестабилизација на државата и нарушувањет на меѓународниот углед на државата,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека граѓаните на Македонија и во Скопје пред една недела и денес во Битола, во огромен број, масовно и одлучно, покажале дека не веруваат на деструктивци и на луѓе што работат против сопствената држава, туку веруваат и ги поддржуваат оние кои знаат да работат, да градат и да помагаат.

-Граѓаните покажаа дека монтираното сценарио на СДСМ не добива никаква поддршка и дека ќе им се врати како казна на оние кои го смислија и на оние кои го спроведуваат. СДСМ граѓаните целосно ја препознаваат како партија чие раководство шири деструкција, дестабилизација, омраза, раководство кое нема програма, кредибилитет и ниту една единствена идеја како да им помогне на граѓаните. СДСМ е партија чие раководство покажа дека е спремно да стори се, па макар и да работи за странски служби, само и само да се добере до власт по секоја цена. СДСМ се плашат од правдата и од вистината, а ние им повторуваме дека со тоа нема пазарење. ВМРО-ДПМНЕ денес промовираше неколку нови инвестиции, неколку нови инфраструктурни проекти и неколку нови мерки за вработување на невработените. Така и ќе продолжиме во иднина затоа што знаеме што им е потребно на граѓаните. СДСМ нека продолжат во нивниот деструктивен филм кој девет години ги држи на дното – велат од владејачката партија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top