| четврток, 6 декември 2018 |

Ранет маж на аеродром во Њу Орлеанс, со мачета го нападнал обезбедувањето

На меѓународниот аеродром во Њу Орленас, возрасен човек е ранет од полицијата,  откако со спреј испрскал припадници на обезбедувањето и патници, чекајќи во редот за проверка во безбедносната зона, а потоа почнал да мафта со мачета и тргнал да повреди припадничка на Агенцијата за безбедност во транспортот (АСТ)  пренесоа американските медиуми.

calbpofuuaaehvd

Ричард Вајт (62) е застрелан од страна на полицајката што ја нападнал со три куршума и веднаш бил префрлен во болница, каде е опериран.

Во нападот е ранет еден агент на АСТ, соопшти претставник на полицијата.

Претходно беше соопштено дека еден патник е лесно ранет во раката од заталкан куршум, но подоцна оваа информација не беше потврдена. Пукањето предизвикало паника меѓу присутните и неколку лица, кои се обиделе да избегаат, се здобиле со мали драсканици и повреди од мебелот.

calf-eluqaeuajz

Засега не  се разјаснети мотивите на напаѓачот, кој бил возач на  такси.Неговото возило било паркирано пред терминалот.

Засега нема основаност да се тврди дека Вајт се обидел да се качи на авион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top