| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Киев сериозно го крши договорот од Минск

Киев сериозно го прекршува договорот од Минск, што предвидува повлекување на тешкото вооружување од линијата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Министерството соопштението го постави на својата веб страница, како коментар на информацијата дека новинари на Ројтерс снимили видео на кое се гледа тешко вооружување на украинската армија, на контакт линијата во Југоисточна Украина.

Според снимките, батаљонот Азов користел 122. милиметарско оружје Д­30 со домет од 22 километри, се наведува во соопштението. Снимките се направени во близина на селото Широконо, што треба да биде под строг надзор на специјалните сили на ОБСЕ, се наведува во соопштението на руското министерство, јави ТАСС.

Рускиот министер за надворешни работи претходно ги повика Германија и Франција да гарантираат дека Киев нема да проттикнува насилство во Источна Украина, што ќе ги принуди САД да испорачаат смртоносно оружје на украинската армија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top