| четврток, 6 декември 2018 |

Мерки за вработување на самохрани мајки и деца без родители

oglasi_za_rabota

Посебни мерки за вработување ранлива категорија на граѓани најави македонската влада. Според премиерот Никола Гуевски со овие мерки се опфатени самохрани родители и еднородителски семејства, семејства со три или повеќе деца, приматели на социјална помош, професионални војници кои веќе не работат, деца без родители и родителска грижа, лица со инвалидитет и родители на деца со посебни потреби.

За оваа категорија на граѓани се предвидува ослободување од плаќање придонеси во период од 5 години, без никаква обврска за работодавачот потоа.

Ова е проект кој што го немавме најавено во нашата програма, но го рализираме како што и многупати досега реализиравме вакви проекти, рече вчера премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top