Битолската клиничка болница ќе биде реконструирана до октомври 2016 година, најави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот собир на партијата во Битола.
– Објектот ќе добие енергетски ефикасна фасада, изолација и промена на сите прозори, промена на лифтовите и реновирање на тоалетите. Ќе биде извршена адаптација на стационарот со оформување на двокреветни соби на дел од шестокреветните соби и со изведба на нови санитарни јазли, истакна Груевски.
Средствата во висина од 90 милиони денари, како што посочи, се обезбедени од остварените заштеди со домаќинско и транспаретно работење на Владата и Министерството за здравство.
Груевски потсети дека во оваа болница е набавена и инсталирана и најсовремена медицинска опрема во вредност од шест милиони евра, а набавен е и акцелератор во вредност од 1.700.000 евра и ренген апарат за околу 100.000 евра.
– Во тек е и изградба на бункер за инсталирање на акцелераторот за радиотерапија, средства во износ од 47 милиони денари. Набавени се и четири нови возила за Итната медицинска помош, нагласи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



