Брегалница направи изненадување во Скопје одигрувајќи 0-0 против шампиониот Работнички.
Со овој резултат Работнички ја прекина победничката серија од три натпревари по ред во пролетниот дел од сезоната и сега заостанува зад лидерот Вардар со два бода.
Натпреварот во Тетово меѓу Ренова и Силекс истотака заврши нерешно, но со по еден гол на двете страни. Со голот на Мишковски во 49 минута Ренова поведе и се чинеше дека ќе ја впише четвртата победа во пролетниот дел, но играчот на Силекс Велинов во 72 минута го израмни резултатот.
Останатите три натпревари се играат утре, два меча се од терминот од 14 часот, Шкендија – Тетекс и Металург – Турново, додека дербито Вардар – Пелистер започнува од 17 часот на арената Филип Втори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.