| четврток, 6 декември 2018 |

Референдумот за името е финалниот одговор на Македонија

FYROM

 Да им разјасниме на оние кои одбиваат да ги видат граѓаните на Македонија, Македонците, дека државата ни е заеднички дом кој тешко и крваво го создаваа нашите претци, а ние, како нивно потомство, со маки и огромни пречки го чуваме, одржуваме и доградуваме зашто ни е единствен и незаменлив. Без Македонија и ние самите ќе станеме нечии потстанари. Природно е дека тоа нема да го дозволиме како и да е спакувано и продавано. Ако не ги убедиме и во ваков формат, ќе маршираме. Ќе  одиме на референдуми. На крајот, ќе мора да не видат. Нема да можат да не избегнат.

Ова го порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од денешниот народен собир во Битола.

– Нашата позиција, меѓу другото, вели, да, политичарите ќе разговраат, преговараат, прифаќаат, нудат, одбиваат,..нешто ќе им се виде добро, нешто лошо, некој без, некој под некакви притисоци, уцени,понуди или закани, ….се може да прават, но ако некој нешто усогласи, договори, вети, или прифти, неможе финалниот збор да го имаат политичарите, министрите, премиерот или претседателот, туку целиот народ кој преку реферндум ќе каже дали некоја идеја, предлог или решение е добро или не, и тоа, само тоа може да е финалниот одговор на Република Македонија, подвлече Груевски. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top