Ние во Владата, во државните институции со кои раководиме по волја на избирачите, нема да дозволиме марионетки да ја втурнат Република Македонија во граѓанска војна, ниту македонско-партиска, ниту меѓуетничка или меѓурелигијска. Наша судбина е соживот и меѓусебна соработка, уважување и почит. На провокации сме имуни, на опасни дејства како закана сме подготвени, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот народен собир во Битола.
Ова, рече, не е Македонија од 1903, од 1912 и 1913. Не е ни од 2001-та или 2004-та. СДСМ не е победничката КПМ како што ни ВМРО-ДПМНЕ не е губитничката од 1930 година. Ова не е средба со минатото, туку битка за иднината
Груевски ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да внимаваат на провокации, да не дозволат некој да ги наседне зашто тоа, нагласи, и е намерата на опозициската СДСМ.
– Бидете горди и достоинствени, ние знаеме што правиме и која е нашата цел, ние и сакаме добро на оваа држава и на целиот наш народ, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој апелира Македонците, како мнозински народ, да не подлегнуваат на пропаганда, да не дозволат да бидат цел на манипуланти водени од своите чувства и политичка припадност, никогаш да не забораваат дека партии ќе доаѓаат и ќе си заминуваат од власт на избори и по нивна мнозинска волја.
– Победник секогаш и единствено е народот. Особено во вакви опасни и историски пресвртни ситуации. Народот е историски победник дури и кога наспроти себе има десеткратно посилни противници, само ако е единствен и како таков ја дочекува секоја опасност по неговиот опстанок, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст