| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Некој сака нашата држава и нашиот народ да бидат негови заложници – нема да го дозволиме тоа

11072643_10153672677812971_1678175712_n

Некој очигледно има други планови за Македонија од нашите.Некој сака нашата држава и нашиот народ да бидат негови заложници, и да го киднапира вниманието и да го насочи кон деструкција, провокации, меѓусебни закрвувања, лоши сценарија за рушење на институциите на државата и на имиџот на државатапосочи премиерот Никола Груевски во денешното излагање на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и додаде:
-Но, како што кажав и во Скопје минатата недела, кога над 30 илјади луѓе дојдоа да ги слушнат нашите пораки, така и денеска тука од Битола сакам да им порачам, сакам на сите вас да ви кажам – ние тоа нема да го дозволиме! ние сме бедемот на кој сите оние кои плетат секакви сценарија ќе се заглават. Сите ние заедно сме силата, која знае добро што значи да ја сакаш својата држава, која знае што значи да работиш за државата и народот, и што значи да создаваш иднина за идните генерации.Нашата сила е во народот и во неговата љубов кон сопствената држава. И затоа тие што наумиле да прават лошо се излажале, не го предвиделе тоа, не ја предвидела вистинската сила на Македонците, но и на сите останати кои се нераскинлив дела од оваа држава и кои си ја сакаат ова наша заедничка татковина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top