| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Зошто досега не го објавија ова? Тоа го знаат тие што го нарачаа ова, а не овој кутар човек што подвикнува на прес-конференции

unnamed

Замислете тие не убедуваа до последно дека прислушување сме нарачале јас и Мијалков?! Замислете каков апсурд. А изминативе 6 недели слушаме разни креирани и очигледно сецкани и конструирани разговори само од нас, и од нашите најблиски соработници. Еве последно дознавме дека јас сум нарачал, а Сашо спровел, да се прислушува и Владимир Мијалков, братот на Сашо. Ете и од него нешто пуштиле некни. Ај што е тоа ноторна глупост, туку и фактот дека Сашо сам си нарачал прислушување за себе сѐ и за мене, и за сите наши соработници, говори за тоа какви лаги и манипулации говорат без око да им трепне – рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија, Никола Груевски на денешниот народен собир во Битола.

Тој потсети дека приведените луѓе во аферата „Пуч“ признале сѐ.

Луѓето кои биле дел од нелегалната агентурна мрежа признаа сѐ.  Значи, тоа што јасно и децидно признаа сѐ, како и кој ги врбувал, колку и како земале пари, кој лица биле таргет, итн,  и што има несоборливи докази, тоа нема врска за овие од СДСМ. Важно е што го гледаме лицето Зоран Заев како глуми некоја сила, како вика наоколу, па некогаш знаете човек и во толку викање ќе се збуни малку па ќе каже и неколку сосема спротивни и различни работи од тоа што претходно зборел, ама нема врска. Си вика ај сигурно народ се додека викам вака страшно и опасно, нема да примети, повеќе ќе се фокусира на тоа што викам. Е не е така. Тие целосно го потценија нашиот народ, но не само тие, туку и нивните нарачатели и сценаристи кои им дадоа зелено светло да го изведат ова токму во овој период. А не пред една, две или 4 години. Затоа што нели, ако сме биле прислушкувани 4 години, а според Заев и повеќе, главното прашање е зошто тогаш досега не ги објавиле овие работи. Тоа го знаат само тие што го нарачаа ова, и тие што се креатори на ова сценарио, а не овој кутар човек што подвикнува на прес конференции. Тој е само марионета. Тој е пуштен низ вода уште при првиот контакт нивни со него. Но за жал тој во моментов е во една специфична психолошка состојба и е тотално немоќен да го разбере тоа. Ама има време, сѐ ќе разбере. Ќе разбере кога ќе види дека со правдата и со вистината нема тргување! Овие сценаристите кои го употребуваат Заев знаат и една друга работа, а тоа е дека и ние знаеме! Но како што кажав тие направија сериозен превид во нивното сценарио – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top