| четврток, 6 декември 2018 |

Фанатици, шарлатани и економисти

Стремежот кон индивидуални успеси е карактеристика на нашето време и таа ја надминува колективната димензија на човечката судбина

Изгледа дека во целиот свет националната политика запаѓа во криза. Од избори до избори излезноста на гласачите достигна историски минимум и принудени се да бираат меѓу борба со екстремизмот и ризикот да бидат задушени популистичките движења против естаблишментот. Парите не играа толку важна улога во политиката и не ја победуваа силата на идеите уште од времето на Втората светска војна. На пример, во Соединетите Американски Држави шушкањето на милијарди долари, кои се вложуваат во изборни кампањи, ги задушува гласовите на гласачите.

Во некои делови на светот, каде владеењето на законите останува слабо, криминалните мрежи и корупцијата ги потиснуваат демократските процеси. Накусо, посветеноста на колективот не дава резултати. Проблемите се јавија пред крајот на Студената војна, кога сломот на банкрот-земјите со комунистичка идеологија почнаа да го претставуваат како победа на пазарот. Комунизмот е отфрлен, но со него е отфрлено и поимањето на државата како фактор со чија помош нашите колективни интереси и амбиции можат да бидат организирани.

Дефинитивините носители на промени станаа личностите: поединечни луѓе станаа вид на рационален фактор кој ги реализира моделите на економистите. Таквата личност на поединечен човек не е производ на класните интереси или други социолошки карактеристики, туку логика на пазарот која диктира максимализација на сопствените интереси, па било за производител, потрошувач или гласач. И навистина, економијата е поставена на пиедестал и зацврстена во институциите како што се централните банки и антимонополските органи, кои смислено беа одвоени и направени независни од политиката. Во резултатот, владите се ограничени на работа со преостанатите ресурси на пазарот.

Светската финансиска криза од 2008 година, рецесијата која следеше, рапидното зголемување на приходите и нееднаквоста во богатството го пробија балонот на лизгавиот триумф на економијата. А политиката, која не го зазема местото кое и го остави економијата и понатаму е дискредитирана додека главните лидери во дел од Северна Америка и Европа, се повикуваат на економски теории за да ги оправдаат своите политички одлуки.

Стремежот кон индивидуални успеси е карактеристика на нашето време и таа ја надминува колективната димензија на човечката судбина. Па сепак, длабоката човечка потреба да биде дел од група сеуште не е исчезната. Таа е тука, но без охрабрувачка платформа за дискусија. Националните проекти ги опустошија резервите на идеи, а т.н. меѓународна заедница како и до сега останува апстракција. Таа неисполнета желба да се биде дел од општеството може да се почувствува многу изразено кај младите луѓе, вклучувајќи ги и младите џихадисти.

Да, политичарите-националисти и верските лидери први го забележаа тој вакуум и брзо го потполнија. Папата Франциско, Владимир Путин, Абу Бакр Ал Багдади и Марин Ле Пен имаат малку заедничко. Но ги обединува една вистина; постои длабок стремеж за создавање на општество поделено врз основа на општите вредности, а не на функционалните потреби.

Кризите во националната политика имаат последици кои одат далеку зад границите на некои земји. Националниот шовинизам и верскиот фундаментализам уште долго ќе остане, а со нив и тероризмот на кој застапници се екстремисти од сите бои, затоа што двете појави идеално одат со нашата ера на индивидуализам: тие обезбедуваат измислени одговори на личните проблеми наместо да дадат политички одговори на колективните барања.

Аморфниот карактер на тие движења, кој често е олицетворен во зборовите на харизматичен лидер, дозволува на секој поединец да ги проектира во својата фантазија што прави потешко да им се спротивставиме, посебно во рамки на традиционалната политика.

Меѓутоа, таа сила може да стане слабост. Кога на тие движења се доделат на управување на територои и население, тие почнуваат да се соочуваат со тие досадни материјално-технички и организациски ограничувања како и со нивните соперници. Во резултатот, бирократијата постојано ги следи со постојана потреба за шокови и поправки.

Ако политиката повторно ги преземе моралните вредности од рацете на фанатиците, шарлатаните и економистите, тогаш ќе мора да се обновува од нула. Повеќе од половина население на планетата живее во градови и било која политичка ренесанса мора да направи рамнотежа меѓу привлечноста на огромните виртуелни општества и цврстите градски заедници. Граѓаните мора повторно да станат соработници во политичкиот процес, во државните дејности и мора да им бидат претставени реални (а не едноставно виртуелни) платформи за разликите и дискусиите за алтернативните погледи.

Освен тоа, институциите кои претставуваат мостови меѓу државите и глобалната заедница, како што е Европската унија, мора да бидат зајакнати и преориентирани. Во дел, нивните технички функции мора да бидат јасно одвоени од политичките улоги.

Но пред се, политичарите се должни да прекинат со обидите, повикувајќи се на економската наука, да ја зајакнат довербата кон себе која е намалена. Политиката почнува таму каде што современата економија завршува, од етиката и обидите да се создаде праведно и средено општество.

Вијести – Подгорица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top