| четврток, 6 декември 2018 |

Катарина Ивановска: Имам момче, но ниту еден не ми погодивте

Katarina-Ivanovska-10

Многу е интересно зошто со кој и да е мој другар да излезам, веднаш порталите ги полнам со најразлични трачеви, вели Катарина Ивановска во интервјуто за „Република“. Македонскиот топ-модел вели дека ваквите пишувања на медиумите воопшто не и пречат, ниту пак се бунела за некој напис.

Иако неколку портали ја спојувале со многу момчиња, Кики вели дека не и погодиле ниту еден од нив

Свесна дека сум дел од  шоу-бизнисот и дека тоа ми е работа, треба да се трпи, нема само за убаво да пишувате. Не дека ова е неубава работа, но е не вистина. Да, имам момче, но ниту едно од оние за кои пишуваат медиумите – вели Ивановска.

За нејзиното момче, Катарина вели дека е срамежлив и дека не сака многу да се фотографира, а во моментот ни таа не сака да се експонира нивната врска.

Во опуштениот разговор во редакцијата на „Република“, Катарина зборуваше и за својата работа и идните активности, а целото интервју со светската, а наша Кики ќе биде објавено во следниот број на неделникот, како и на „Република.тв“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top