| четврток, 6 декември 2018 |

Трка на Франкофонијата во Скопје

Францускиот институт во Скопје за прв пат оргнизира голема Трка на Франкофонијата, во чест на прославата на Франкфоконијата во Македонија, в сабота, во 12 часот. Стартот е во Паркот на Франкофонијата, додека крајната цел е Скопје Сити Мол.

На трката учество ќе земат над 500 учесници.

Оваа ревијална трка, во должина од четири километри, има за цел да ги одбележи заедничките франкофонски вредности, како што употребата на францускиот јазик, културната разновидност и солидарноста.

Настанот ќе го отворат Н.Е. Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.

На платото пред Скопје Сити Мол е предвидена забава, музичка анимација, ритмички игри и танци, куси разговори со победниците и со дел од учесниците, како и обраќање на и Габриел Атанасов, Национален координатор на Франкофонијата во Македонија.

Настанот се организира од страна на Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Франција, град Скопје, Скопје Сити Мол, Карфур и Атлетска федерација на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top