Претседателот на САД Барак Обама кој е во посета на Израел остана без луксузната лимузина која е изработена специјално за него поради банална причина- наместо бензин, во резервоарот наточиле дизел.
Лимузината на Обама патува секаде каде што оди и тој. Но, вчера, го остави на цедило, затоа што по грешка е наточен дизел наместо бензин. Поради дефектот, возилото е однесено со шлеп служба.
Во колоната во која се движи претседателот секогаш има две лимузини, па никогаш не се знае во која е Обама. За безбедноста на американскиот претседател во Израел се грижат 5.000 полицајци. Според британските медиуми, Обама му се извинил на израелскиот премиер поради големото обезбеднување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.