НАТО алијансата се труди во оваа нова ера на нетрпеливост меѓу Западот и Русија да му ја покаже на Владимир Путин целата своја поморска сила, вкотвена во Црното море. Ова може да се смета за одговор на засилената активност на руската војска која го подигна нивото на борбената готовност на највисоко ниво, одржувајќи голем број воени вежби во изминатите година и половина.
Уште ако се земат во предвид инцидентите со руските авиони, кои наводно го повредија воздушниот простор на западните земји како Шведска, Ирска и Португалија, сето ова потсетува на тропкањето со оружјето налик на периодот на студената војна.

НАТО алијансата има дури 12 разурнувачи во водите на Црното море, распоредени така што во потполност ја обиколуваат Русија од таа страна на границата.
Ова го загрижи Владимир Путин, кој и нареди на целата Северна флота која се состои од 41 брод, 15 подморници и дури 38.000 војници да бидат во состојба на највисока борбена готовност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


