| четврток, 6 декември 2018 |

Митови за сексот, во кои упорно веруваме

seks-poza-pajak

Телевизијата и интернет научија многу луѓе на какви ли не „вистини“ за сексот. Се појавија толку многу експерти на темата секс кои измислија стотици теории, од кои некои дури и не звучат логично.

Еве кои се некои од најголемите митови за сексот:

Сексот согорува калории и помага во слабеење

Да, сексот согорува калории, но не брзајте толку со слабеењето. Експертите сметаат дека за време на 30 минутниот секс согорувате 85-150 калории. Во теорија потребно е да согориме 3500 калории за да загубиме половина килограм од тежината. Тоа значи дека е потребно да имаме секс 35 пати, за да загубиме 500 грама. Сепак, за повеќето луѓе сексот е пократок од 30 минути, а за многумина сексот трае околу 5 минути.

Сексот може да предизвика срцев удар

Повеќе секс значи здраво срце. Мажите кои имаат секс два или повеќе пати неделно, се значително помалку загрозени од срцев удар. Дури и да имате проблеми со срцето, физичката активност, која повеќето луѓе ја вложуваат во сексот, е еднаква на искачувањето на скали до вториот кат.

cokolado

Остригите и чоколадото се афродизијаци

Не постои доказ дека остриги влијаат врз нашата сексуалност. Тие содржат многу цинк, кој е неопходен за здрава сперма, но не содржат состојки кои би ни помогнале во спалната соба.

Од друга страна, неколку студии покажаа дека чоколадото може да го намали крвниот притисок и влијае позитивно врз циркулацијата, со што може да помогне во ерекцијата кај мажите. Покрај тоа, го стимулира создавањето на мали количини серотонин, хормонот на среќата, а луѓето кои се  добро расположени, почесто се заинтересирани за секс.

afrodizijak12112-680x365

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top