| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ утре во Битола ќе одржи голем народен собир

sobir_thumb_medium500_196

ВМРО-ДПМНЕ утре во Битола во 13 часот во спортската сала „Младост“, ќе одржи голем народен собир, кој ќе биде почеток на карванот на големи собири на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава, а продолжение на минатонеделниот собир од Скопје.

На собирот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обратат лидерот Никола Груевски и уште неколку важни политички личности. Ова е продолжение на минатонеделниот огромен собир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што имаше неколку десетици илјади граѓани, членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, повторно ќе бидат испратени јасни пораки за тоа што се залага и за тоа што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top