| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се сретна со италијанскиот амбасадор

unnamed (1)

Актуелната политичка криза во Македонија беше тема на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели.

Како што соопшти СДСМ, лидерот на партијата на средбата посочил дека од евентуалните прислушувани разговори се потврдиле загриженостите нагласени во извештаите на ЕУ, САД и на ОБСЕ и последно од ОН. Според Заев, решение е преодна влада.

На средбата, како што се наведува во соопштението, станало збор и за можностите за излез од политичката криза во која се наоѓа Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top