Министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Австрија ја официјализираа соработката во превенцијата и борбата против корупцијата.
Ресорните министри на двете држави Гордана Јанкулоска и Џонала Микл-Лајтнер денеска на маргините на министерската конференција во Виена посветена на зедничката борба против џихадизмот потпишаа меморандум за разбирање.
Преку ефективна и ефикасна размена на информации и искуства треба да се овозможи полесно справување со корупцијата, соопшти Македонското Министерство за внатрешни работи.
Согласно Меморандумот, двете институции ќе можат во иднина да соработуваат во повеќе области што го третираат овој сложен облик на криминал почнувајќи од меѓусебно обезбедување на информации кои се релевантни за прелиминарно утврдување на факти, поткрепување и спречување на корупција, размена и споделување информации обезбедени на законски начин, идентификување или лоцирање на лице, вршење кооординирани активности за утврдување факти, разменување ефективни истражни техники и најдобри пракси за собирање информации и разузнавачки операции заради откривање на кривични дела поврзани со корупција…..
Јанкулоска и Микл-Лајнтер на средбата констатирале дека досегашната соработка меѓу двете министерства е во нагорна линија, за што сведочат досегашните заеднички успешни активности на двете полиции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент



