| четврток, 6 декември 2018 |

Светски ден на орално здравје: Висок е степенот на кариес во Македонија

Zabolekar-2

На 20 март се одбележува Светскиот ден на оралното здравје, а за таа цел денеска на Улица „Македонија“, граѓаните имаа можност да разговараат со доктори и да поставуваат прашања за нивното орално здравје.

– Овој настан е само дел од активностите кои Стоматолошката комора на Македонија во континуитет ги организира активности во насока на подигнување на свеста за важноста на оралното здравјеЗаедно со своите пријатели, поддржувачи како и заедно со колегите кои се членови на Стоматолошката комора на Македонија, денеска поставивме штанд каде граѓаните ќе можат да добијат совети за превенција од оралните заболувања како и совети за правилна грижа за нивната орална хигиена – изјави Марија Андоновска потпретседател на Стоматолошката комора на Македонија.

Според статистичките податоци степенот на кариес како едно од најчестите орални заболувања не е на задоволително ниво.

– Затоа токму на овој ден ја организираме оваа активност за да можеме да ја покренеме свеста за поголема орална хигиена и унапредување и превенција од сите останати орални заболувања – рече Андоновска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top