| четврток, 6 декември 2018 |

Германија го осуди новиот договор на Русија со Јужна Осетија

договор

Германија го осуди новиот договор на Русија со регионот Јужна Осетија, отцепен од Грузија, оценувајќи дека претставува закана за грузискиот суверенитет и ги зголемува стравовите дека Москва планира анексија на таа територија.

Портпаролката на германската Влада, Кристијане Вирц истакна дека Москва со новиот договор со Јужна Осетија ги попречува напорите кои се прават на преговорите во Женева за мирно решавање на кофликтот во Абхазија, исто така отцепена од Грузија.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот колега од Јужна Осетија Леонид Тибилов претходните денови во Кремљ потпишаа Договор за сојузнички односи и интеграција. Со договорот предвидена е поблиска соработка во следните 25 години и може да биде продолжен на уште 10 години по истекот.

Русија во ноември 2014 година потпиша сличен Договор за стратешки сојуз со Абхазија.

Јужна Осетија како независна држава досега е признаена од пет земји – Русија, Никарагва, Наура, Венецуела и Тувала, додека ОН, ОБСЕ и ЕУ ја сметаат за дел од Грузија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top