Денеска потврдени се 4 нови случаи со туларемија, со што вкупната бројка се искачи на 23 заразени. Покрај Лозово, Каратманово, Коселери, Опае, Арачиново и Грушино, болеста се појави и во Мојанци. Денеска министерот за здравство придружуван од членови на Комисијата за заразни болести го посети Кратманово откако вчера беше прогласена епидемија на туларемија во ова подрачје. Тодоров разговараше со жителите притоа информирајќи ги за мерките што ги преземаат здравствените власти.
Од Комисијата ја оставија отворена можноста деновиве да прогласат епидемија и во Арачиново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.