| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Саемот за мебел – парче мебел за секој квадратен метар!

Меѓународниот саем за мебел оваа година го одбележува своето 41-годишно постоење со импозантна посетеност како секогаш, така и овој пат, се очекуваат повеќе од 50.000 посетители, кои ќе го посетат Скопски саем и ќе го уредат својот дом или работно место со убаво и удобно парче мебел. Презентација на повеќе од 10.000 парчиња мебел, за првпат поставени во 10 саемски хали, од 24 до 29 март 2015 година, ќе ги очекува граѓаните кои ќе имаат можност да го посетатат Скопски саем, а со секоја купена влезница да станат и потенцијални добитници на автомобил.

Голем избор на сè што е удобно за домовите. Во 16.000 квадратни метри,посетителите ќе можат да ја најдат идеалната понуда на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел.

Саемот за мебел почнува на 24 март и трае до 29 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top