Северна Кореја се закани дека ќе ги нападне воените бази на американската војска во Јапонија и на островот Гуам како одговор на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја.
– САД не треба да заборават дека се во наш дострел базата Андерскон на Гуам од каде полетуваат бомбардерите Б-52 како и на јапонските острови, соопшти врховната команда на севернокореанската војска.
Американските бомбардери неделава се вклучија во двонеделните вежби на американската и јужнокреанската армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


