САД првпат соборија беспилотно летало на екстремистичката џихадистичка организација „Исламска држава“, соопшти Американската централна команда.
Централната команда на САД објави дека војската уништила беспилотно летало и возило на групата Исламска држава, пренесува „Раша тудеј“.
Нападот бил извршен во близина на Фалуџа во Ирак. Портпаролот на Централната команда, мајор Ким Микелсен изјави дека ИД користела беспилотно летало за надгледување. Во периодот од 17 до 18 март извршени се вкупно 11 воздушни напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.