Двајцата сторители на нападот во музејот „Бардо“ во Тунис, во кој загинаа 23 лица, од кои 20 туристи, научиле да ракуваат со оружје во Либија, изјaви Министерот за национална безбедност на Тунис.
– Тоа се двајца неверници салафити, од екстремистички елементи. Тие ја напуштиле државата илегално минатиот декември заминувајќи во Либија, каде што научиле да ракуваат со оружје – изјави синоќа Рафик Шели, во обраќање за телевизијаат „Ал Иуар етунси“.
– Не располагаме со детали, но има кампови за обука на Тунижани во Сабрата, Бенгази и Дерна, што значи дека тие биле обучувани во еден од тие кампови – истакна Шели.
Туниските власти објавија дека напаѓачите се идентификувани како Јaсин Абaди и Хатем Хашнауи. Шели истакна дека Абади бил уапсен пред заминувањето за Либија, без да даде други детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.