| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департментот со извештај за наркотиците во Албанија

сад

Албанија е значаен извор на марихуана и дестинација за транспорт на хероин и кокаин за европските пазари, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за борба со наркотиците во светот, што му е предаден на американскиот Конгрес, сооопшти агенцијата АНА-МПА.

Во документот се посочува дека во текот на 2014 година значително се зголемени количеството на запленети наркотици и бројот на апсења. Тоа се случило по засилување на соработката меѓу Албанија и регионалните партнери најмногу со италијанската полиција, а,  исто така, и како резултат на преземените акции од албанските власти за борба против производството и шверцот на наркотици, што довело до масивни операции низ целата земја.

Во извештајот се истакнува дека освен за марихуана, Албанија не е важен производител на наркотици и производи што се употребуваат како суровини за синтетички наркотици.

Албанската Влада не води статистика за употребата на наркотици. Доколку се исклучи марихуаната, употребата на други наркотици не е широко распространета.

За одбележување е дека Албанија продолжува да добива помош од САД и ЕУ за засилување на борбата со наркотици, се наведува уште во извештајот на Стејт департментот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top