| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ја соопштив вистината за случувањата во Македонија

unnamed (5)

-Имав можност неформално да поразговарам со голем дел од присутните на партиски самит во Брисел. Темата на самитот беше поврзана со проблемите што Унијата ги има поврзани со Украина, со финансиските состојби, па и политичките во Грција визави монетарната унија и слично. Исто така, теми поврзани со случувањата во Европска унија, меѓутоа на маргините на самитот имав можност со неколкумина да поразговарам и да им ги пренесам информациите од Македонија, тоа што се случува, тоа што е вистина и нашите очекувања и намери за понатаму, истакна Груевски по Самитот на ЕПП – изјави премиерот Никола Груевски.

Самитот на најголемата партија во Европскиот парламент, на кој присуствуваа и европската лидерска двојка Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, германската канцеларка Ангела Меркел, унгарскиот премиер Виктор Орбан, Никола Саркози и други, премиерот Груевски го искористи за неколку неформални средби со присутните од европската политичка елита. Тој имал можност да се види и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со кого накусо поразговарале за актуелната ситуација и можните идни чекори.

-Беше корисно да се биде тука, не само да се следат европските текови и случувања во врска со покрупните проблеми во Европа, туку и да се искористи можноста да се промовира нашата држава, да се испратат пораки и информации, да се кажат детали што тука не ги знаат, не ги примиле како информации за да се расчистат работите – додаде претседателот на македонската Влада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top