| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени тела на пет бебиња во семејна куќа во Бордо

Thursday, May 15, 2014.

Француската полиција во една семејна куќа во југозападниот дел на земјата пронајде тела на пет мртви бебиња и притоа го уапси таткото, додека мајката е хоспитализирана.

Откако претходно во текот на денот во фрижидер-торба беше пронајдено тело на мртво новороденче, полицијата  во текот на претресот на куќата во Лошау, во близина на Бордо, во замрзнувач пронајде уште четири тела на бебиња, соопшти извор од полицијата, потврдувајќи го извештајот на француската телевизија „иТеле“

Според првичните информации, таткото, на возраст од 40 години, вчера во семејната куќа ја пронашол фрижидер-торбата со тело на бебе и него полицијата веднаш го уапсила, пренесоа француските медиуми.

Мајката, на возраст од 35 години, која, како што наведуваат француските медиими, „очигледно самата се породила дома“ е одведена на гинеколошки и на психијатриски преглед во болницата во Бордо, иако, според првичните податоци, нема историја на ментални болести.

Брачната двојка има две ќерки од 13 и од 15 години.

Ова е најтешкиот случај на чедоморство во Франција од 2010 година, кога мајка призна дека убила осум свои бебиња, задушувајќи ги веднаш по породувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top