| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лазарополе утрово измерени 10 степени под нула

 hitportal-ladno-vreme

Најниска температура од минус 10 степени утрово е измерена во Лазарополе, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Температура под нула е измерена и во Маврово (-9), -7 во Крушево, -5 во Крива Паланка и Претор, во Охрид – 4, воТетово, Берово и Битола – 3 степени, -2 во Скопје – Петровец, Куманово и Прилеп и  -1 степен во Штип и Виница. Во Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија и Струмица температурата била 0 степени, а два степена во Гевгелија, Кавадарци и Дојран.

Во 7 часот во Маврови Анови снежната покривка била 65 сантиметри, 17 см во Лазарополе, 10 см во Крушево, три во Битола и два сантиметра во Тополчани.

Во изминатите 24 часа наврнале осум литри на метар квадратен во Крушево, пет во Охрид и Битола, четири во Претор, два литра на метар квадратен во Прилеп, Берово и Лазарополе и еден во Гевгелија, Струмица, Маврово и Пожаране.

УХМР информира дека утрово времето е сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Попладне во крајните североисточни делови е можен краткотраен дожд и снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Дневната температурата ќе достигне околу 8 степени.

Утре ќе биде сончево со слаб јужен ветер и потопло. Од недела попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, повеќе застапени во западните и јужните делови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top