| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете кога ќе имате струја во Драчево заради оштетениот далекувод

110 kV stolb oshteten od lizganje na zemjishte DrachevoЕВН Македонија спроведува алтернативни решенија со регулиран план за снабдување со енергија на корисниците од скопската населба Драчево и околните населени места, поради оштетувањата на 110 кВ далекувод од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица. Во текот на ноќта поради зголемување на потрошувачката алтернативните точки на напојување неможат да го издржат товарот поради што се јавува пад на напонот и прекини во снабдувањето на одредени населени места. Затоа ЕВН Македонија ќе спроведе план за регулирана потрошувачка за да го заштити дистрибутивниот систем и да обезбеди квалитетна енегија за корисниците во одредени времески интервали.

Ваквиот начин на користење на енергијата ќе се применува се додека потрошувачката не дојде до ниво кое може да го издржи резервниот режим на снабдување. Ваквата состојба ќе трае додека не се санира 110 кВ далекувод кој беше оштетен од лизгање на земјиштето од трети лица. Се работи на изготвување на техничко решение со нова локација каде ќе биде поставен новиот столб.

Nov energetski  transformator za trTrafostanica Drachevo 2ЕВН Македонија ги вложува максималните напори да се надмине ваквата состојба предизвикана од трета страна, затоа работи на санирање на далекуводот и веќе двојно ја зголеми моќноста на Трафостаницата Драчево 2. Со пуштање под напон на 110 кВ далекувод ќе се активира и Трафостаницата Драчево 1 ( 110/10 кВ) со што во целост ќе се надминат проблемите во снабдувањето на корисниците од засегнатите населени места.

plan na evn za dracevo

Планот за регулирање на потрошувачката ќе биде објавен и на интернет страната на ЕВН Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top