Уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ-Латас во дебатната емисија „Акцент“ на МРТ потенцира дека Зоран Заев со прислушувани материјали кои ги чува во фиока се заканува додека е во опозиција, па праша како може аболициран човек како Заев да претендира да дојде на власт?
-Владата нема да падне. Еве да речеме, Груевски дава оставка. Која ќе биде нова Влада? Заев? Еднаш аболиран, две кривични пријави против него. Дошол на власт со прислушување луѓе? Има телефонски разговори, од секого од нас во фиока? Па он ако од опозиција успева да уценува и преку тоа руши углед на врвни политичари, замислете ме мене утре како граѓанин, истакна Латас.
Латас обвини дека СДСМ со “бомбите“ кои ги објавува свесно сака да ги сруши македонските институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.