| четврток, 6 декември 2018 |

Кочанското занаетчиство изложено во Етно куќа

DSCN1757-630x472
Со поставување на изложба на документи и фотографии за кочанското занаетчиство, официјално започна користењето на „Етно куќата“, која со заеднички средства ја градеа општините Кочани и Рила од Република Бугарија во рамките на проектот за прекугранична соработа.

– На изложбата се поместени 15 паноа со над стотина фотографии и документи кои го отсликуваат занаетчиството и занаетите во Кочани од средината на 19 век, па се до крајот на 20 век, истакна на отварањето на изложбата, нејзиниот автор Илинка Атанасова, археолог кустос во Музејската збирка на Кочани.

Со поставувањето на изкложбата започна рационалното искористување на просторот во Етно куќата во Кочани во која се планирани повеќе содржини, меѓу кои етнолошка постановка и презентација на дел до археолошкото наследство на кочанскиот крај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top