| четврток, 6 декември 2018 |

ЕС денеска со политичка, во јуни со правна одлука за санкциите кон Русија

ukraina premierЕвропскиот совет денеска ќе усвои само политичка декларација за намерата да ги продолжи санкциите против Русија, а правната одлука за прашањето ќе биде одложена за во јуни, соопштија дипломатски извори во Брисел. Пред почетокот на средбата на врвот на лидерите на Полска, Естонија, Данска и Австрија, полската премиерка Ева Копач, естонскиот премиер Таави Ријвас, данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит и австрискиот канцелар Вернер Фајман, се изјаснија за продолжување на санкциите во однос на Русија. Премиерката на Норвешка, Ерна Сулберг, пак, истакна дека засега не гледа причина за укинување на санкциите против Москва, додека чешкиот премиер Бохуслав Соботка се изјасни за одложување на одлуката за евентуално нивно продолжување. Чешка поддржува продолжување на санкциите кон Русија, но на идниот самит на ЕУ. Како што објасни премиерот Бохуслав Соботка,  државата смета дека тактички е подобро да се почека со продолжувањето на антируските санкции.

-Доколку се работи за продолжување на санкциите уште денеска, Чешка мисли дека нема причина да се брза со тоа. Имаме време до половината на оваа година, изјави Соботка.

Санкциите поради реакцијата на Москва во врска со конфликтот во Украина, ЕУ ги изгласа уште минатата година, а нивното важење изминува на 31 јули годинава. Продолжувањето на санкциите, денеска и утре се на дневен ред на средбата на претседателите и премиерите на земјите членки на Унијата во Брисел. Санкциите покрај другото, забрануваат извоз на некои производи до Русија, блокираат пристап на Москва до некои технологии споени со нафтата, а ги ограничуваат и руските банки и фирми да пристапуваат на финансиските пазари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top