| четврток, 6 декември 2018 |

Над 200 функционери од ЕУ и САД со забрана за влез во Русија

Passports-russiaПовеќе од 200 политичари и официјални претставници од земјите на ЕУ и од САД се ставени во списокот на странски граѓани на кои би можело да им биде забранет влез во Руската Федерација.

– Списокот со странски државјани на кои би можело да им биде забранет влез во Русија е аналоген на црните листи на ЕУ и земјите од НАТО. Прво место по бројот на граѓани го заземаат САД со 60 лица, изјави претставник на руското Министерство за внатрешни работи.

На списокот, меѓу другите, се наоѓаат заменик помошникот на претседателот на САД за национална безбедност Керолајн Аткинсон, помошниците Дениел Фајфер и Бенџамин Роде, спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер, лидерот на малцинската фракција во Сенатот Хари Рид, претседателот на сенатскиот надворешнополитички одбор Роберт Менендес, како и сенаторите Мери Лендрју и Џон Мекејн.

Москва веќе им има забрането на одреден број граѓани од ЕУ и САД влез на руска територија, како одговор на санкциите воведени против руски функционери по присоединувањето на Крим кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top