Џихадистичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за вчерашниот напад врз музеј во главниот град на Тунис, при што загинаа 23 лица, од кои повеќето странски туристи.
Во аудио снимка, објавена на интернет, групата ги фали двајцата напаѓачи, нарекувајќи ги „витези на Исламска држава, вооружени со автомаско оружје и бомби“.
Нападот е опишан како „благословена интервенција во еден од објектите посетувани од неверниците и порокот во муслимански Тунис“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


