Зголемување на вработеноста во приватниот сектор е целта на проектот финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, предвидено да биде имплементиран преку швајцарската фондација за техничка соработка во наредните пет години во Охрид, Маврово и Крушево.
Градоначалникот Никола Бакрачески по тој повод денеска имаше работна средба со директорката на проектот Розанди Лоу, на која се разговараше за модалитетите под кои општина Охрид и институции и компании од градов ќе бидат вклучени во сроведувањето на проектот.
Проектот ќе делува во секторите туризам и угостителство, еко-економија и креативни индустрии, според развојна методологија на универзитетот од Сент Гален, Швајцарија. Ќе се фокусира на развој на секторите и зголемен раст на компаниите преку пристап до нови пазари, подобрена едукација и вештини во секторите и подобрување на регулаторната политика за раст на компаниите од приватниот сектор.
Буџетот на целиот проект изнесува 6,5 милиони швајцарски франци, а се очекува со имплементација да започне во средината на април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.