Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ги прими амбасадор на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли, шефот на Делегацијата на Европската унија, Аиво Орав, претставникот на Мисијата на ОБСЕ, Мариан Берц, и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетан Румен Радев.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, биле разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за состојбите и очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.
Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија високо ги цени партнерството и пријателството, кои во континуитет се развиваат со САД, ЕУ, НАТО и со ОБСЕ.
Македонскиот претседател изразил благодарност до соговорниците за нивната посветеност кон надминување на предизвиците поврзани со актуелната политичка состојба во земјата, како и за поддршката која Република Македонија ја добива во насока на реализација на надворешно-политичките стратегиски приоритети.
Претседателот Иванов нагласи дека евроатлантската интеграција на Република Македонија, не само што претставува највисока стратегиска цел за земјата, туку има огромна кохезивна и трансформирачка моќ во македонското општество. Дијалогот, како што посочил претседателот Иванов, останува единствениот начин преку кој се надминуваат сите предизвици и сите општествени фактори имаат одговорност за интересите на граѓаните и на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст