Шпионската сага која се случи во Македонија продолжува на странските телевизии. Истите ликови како и до сега, предводени од лидерството на СДСМ и Зоран Заев, водени пред се од лични интереси за власт и пари, продолжуваат да одработуваат за странски центри. До кога овие таканаречени политичари, аналитичари, новинари и „борци за човекови права“ ќе одработуваат против Република Македонија, Македонскиот народ, нација, јазик, историја, традиција, против македонските интереси? Тие луѓе продолжуваат да ги одработуваат странските интереси и во ова време на политичката криза во која истите тие ја втурнаа Македонија.
Во своето делување кризата да добие што пошироки граници, тие ликови меѓу кои предничат Зоран Заев- осомничен во шпионската афера „Пуч“- и Радмила Шекеринска- негов заменик и политичар кој 20 години учествува во креирање на кризи во Македонија, како и главните платеници на Сорос- Борјан Јовановски, Јадранка Костова, Слаѓана Тасева, „Распеани Скопјани“, Уранија Пировска, Рамадан Рамадани и други, без никаква стега ја градат приказната пред меѓународната јавност за „репресија врз Албанците“ во Македонија, за „наводно убиство“ на Смилковското езеро, за „наместен“ случај Монструм, за „чудно погибие“ на новинарот Никола Младенов, „создавање лажен идентитет“ на Македонци, па и сведочење за лажни настани како физички напади врз седиштето на Хелсиншкиот комитет. Дека зад сето тоа стои власта за да може непречено да владее „режимот“.
Без никаква стега случајот Монструм за странска телевизија е понуден како „докази“ за „контролиран етнички судир како алатка за владеење“. Според понудената од нив приказна, шестмината осудени се „наводни убијци“ на петмина македонски рибари, дека власта „ги осудила шестмината уште пред судскиот процес“ и дека немало праведно судење. Дека зад „осудата уште пред судскиот процес“ за случајот Монструм стои македонската полиција, како и, секако, „братучедот на премиерот“. Но не и Албанскиот партнер во власта, ДУИ, чиј што претставник, заменик- министер за внатрешни работи, е присутен на секоја презентација на доказите за „Монструм“ од МВР.
Без никакво чувство за одговорност се претставува лажна слика за тортура врз албански сограѓани во Скопје, како и втурнување на таа заедница во беда и мизерување на сметка на градежната експанзија. Или дека новинарот Кежаровски бил затворен заради „истрага за убиството на Младенов“. И ова е само дел од „сведочењата“ на „независните борци за вистината и за слободата“. Во оваа најнова „епизода“ учествуваат во креирањето на големата слика за Македонија заедно со ветераните од Косово, кои пред картата на Голема Албанија се закануваат дека „ќе ги бранат интересите на албанските браќа во Македонија“.
Ваква странска непријателска пропаганда и градење на внатрешна несигурност од надвор за една држава би била невозможна без внатрешни одработувачи. Целта е јасна, целта рушење на владејачката гарнитура на ВМРО ДПМНЕ заради непопустливоста во однос на наметнатиот спор од Грција и, секако, пропаѓањето на големата лажна идеја дека „без членство во ЕУ и НАТО државата мора да пропадне“.
Затоа е и пораката на Зоран Заев. На прашање што понатаму, тој со леснотија истакна дека мора да се откажеме од историјата и идентитетот за да се биде дел од ЕУ.
-Мора да заврши времето на големите Македонци, мора да бидеме земја на еднакви граѓани, членка на ЕУ, европска земја… а не да се гордееме со историјата, па заради тоа да создаваме непријатели околу нас- си ја откри Заев агендата која ја одработува и додаде дека „да се биде Македонец е чувство, а не идентитет. Чувство треба да се носи во себе, а не да се гордее со него, да се биде Македонче а не Македонец, да се срами од историјата за да не „создава“ непријатели. Затоа што, нели, како што порача Заев, еден е животот и тој бргу поминува.
До кога овие ликови предводени од Заев и неговата булумента ќе ја „виткаат кичмата“ на македонскиот народ и нација? До кога ќе одработуваат за странските интереси предводени од алчноста за странски пари и некоја замислена и ветена идна моќ, доделена токму од тие далечни центри?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст